11 ОКТОМВРИ ВО ЕДИПСОС ЕВИА
ЦЕНА НА АРАНЖМАН 79€ (4900 ден)
ТЕЛЕФОН ЗА РЕЗЕРВАЦИИ: 078 603 410
И најголемите љубители на грчките острови не знаат дека на 80 км од Атина под Волос постои Евиа, прекрасен остров со долги плажи,топли кристални води,борови шуми,мирни свежи ноќи и поглед на монденскиот Скијатос.
Островот изобилува со борова шума па се разбира дека смолата која се добива од дрвјата се преработува и е главна состојка на прочуеното грчко вино рецина.Рибарството е главна занимација на мештаните, и рибата уловена во Пефки и околината е најбарана и најскапа во Солун и Атина.Освен убавите плажи Евиа е горда и на термалните води во Едипсос каде водата е од 30 до 70 степени целзиусови,извира помеѓу камењата на брегот на морето.природните базенчиња на топла вода и преубавите водопади од карпата во морето околу брегот се прекрасна масажа за оние кои имаат потреба од СПА.Мирните улички,сувенирниците,хотелите со СПА центри делуваат воодушевувачкии не враќа во едно минато време каде овие бањи се користеле не само за одмор и здравје и за прошетка. Затоа и не е чудно што Едипсос се нарекува и кралска бања, во минатото била посетувана од царот Адријан,Крал Петар Први Караџорџевич,Винстон Черчил,Грета Гарбо,Марија Калас и Мерлин Монро…..
Затоа грците спомнуваат оваа бања е добра за сите болести. Се претпоставува дека Евиа е настаната од копното како резултат на посилен земјотрес кое како парче се одвојила од копното.Многу археолошки откритија денес го красат музејот во Атина, за изненадувањето на Грците и спречувањето на Персијанците токму во оваа околина на Евиа и Пефки .Не случајно со години истражуваше и најславниот Жак Кусто.
Заштитникот на Островот Свети Давид Евијски зазема посебно место. Манастирот
Свети Јован Руски чудотворец, неговите мошти се пренесени на островот Евиа од светата земја, а неговата чудотворност останува да ја почуствувате со првата посета …. постојат уште многу приказни со вистински содржини но тоа оставаме при патувањето….. Затоа Евиа е толку прекрасна…… остатотокот на раскажувањето доживејте го со едно наше патување. ТА Солвекс ве води на ЕВИА за 11 Октомври. ЕДИПСОС островот ЕВИА – Бања на море –
1.ден 10.10.2019. (четврток) Скопје – Струмица – ЕВИА
Тргнување од Скопје во 11:30 часот од пред паркингот на хотел „Русија“. Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор.
2.ден 11.10.2019 (петок ) ЕДИПСОС
Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот „ ЕЛИАНА. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време. Можност за користење на термалните извори во морето или во некој од хотелските базени. Ноќевање.
3. ден 12.10.2019. ( сабота) ЕДИПСОС – Манастир Св. Давид – ЕДИПСОС
Факултативна посета на манастирот Св.Давид и водопадите во неговата околина. Можност за земање на света вода . Враќање во Едипсос со можност за користење на базените со мимерална вода или во геизерите и водопадот со минерална вода во самото море. Факултативна Грчка Вечера. Ноќевање.
4. ден 13.10.2018. (недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне. Напуштање на хотелот и заминување за Скопје. Тргнување за Скопје со попатни застанувања за одмор.. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 79€ (4900 ден) или за плаќање до 31.август 69 € (4300,00 ден)
Цената на аранжманот опфаќа:
• превоз со современ туристички автобус
• сместување во хотелот Елиана во двокреветни и трокреветни соби.
. Платени трошоци за траектот на релација Глифа – Агиокампос – Глифа
• услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот • трошоци за организација на патувањето
Доплата:
– доплата за 1/1 соба е 50 % од цената на аранжманот
Цената на аранжманот не опфаќа: * организирана посета на манастирот свети Давид со посета на манастирскиот водопад 10€.
• патничко осигурување (задолжително)
• Грчка Вечер со традиционална грчка музика традиционални јадења и пијалоци.