Синдикалната организација Ј.П Паркиралишта-Струмица одбележува три години од своето постоење. За овој краток период од самото формирање на нивната синдикална организација, значително се подобрени работничките права и условите за работа во претпријатието. Синдикалната организација има учествувано на државни работнички синдикални игри како и на други турнири каде имаше значителни успеси со освоено прво место и повеќе пехари и благодарници.
Претседателот на синдикалната организација при Ј.П Паркиралишта-Струмица Фидан Методиев, за Струмица Денес изјави дека е многу важно и во иднина да се негуваат и надоградуваат работничките права.
„Организирај се и зачлени се во синдикат за подобри работнички права“ – изјави тој.