Здружението „ФЕР ЕСАП“ од Струмица, организира хуманитарна акција за собирање донации за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција. Донациите ќе се собираат во ГТЦ „Глобал“ од 09:00 до 16:00 часот, а во соработка со општина Струмица, ќе бидат доставени во пунктовите во Скопје за донации за Турција.
„Трговците од „Глобал“ сочувствуваат со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Ја почитуваме солидарноста и хуманоста и свесни сме колку им значи и најмалата помош на настраданите. Му благодариме на градоначалникот на општина Струмица што веднаш и безрезервно ни излезе во пресрет и се надеваме дека достојно ќе ја завршиме хуманитарната акција“, велат за Струмица Денес од здружението „Фер есап“.
Да донираме кој колку може.