СВЕЧЕНА ЛИТИЈА: ДЕНЕСКА И УТРЕ БОГОРОДИЦА БРЗОПОСЛУШНИЧКА ПОВТОРНО НИЗ СТРУМИЧКИТЕ УЛИЦИ!

април 21, 2023

Струмичката православна епархија Ви ја најавува свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка што ќе тргне в сабота на 22 април 2023г во 10 часот по завршувањето на Светата Божествена Литургија во храмот на Св.Димитриј и Св.Григориј Палама кон Градскиот плоштад “Гоце Делчев” во Струмица.

Претходно, в петок, 21 април 2023 година, светата Икона ќе биде пренесена од храмот на Св.15 Тивериополски Свештеномаченици до храмот на Св.Димитриј и Св.Григориј Палама веднаш по завршувањето на вечерната служба од 16 часот.

Ве покануваме да бидете дел од оваа заедничка духовна радост!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: