40 ДЕЧИЊА ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНИ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ – СТРУМИЦА ДОБИВА ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ИНДИВИДУАЛНИ ПОТРЕБИ!

март 1, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Денес потпишавме договор со претставник на Здравен дом – Скопје, за петгодошно отстапување простор за времено користење за функционална проценката на деца и млади според МКФ моделот, кои имаат суспектна здравствена состојба или индивидуални потреби за остварување права од областа на здравствената и социјалната заштита и образованието.

Заедно ги посетивме поранешните простории на колеџот „Јахја Кемал“, во чиј дел ќе се одвива функционалната проценка, според светски прифатениот модел МКФ – Меѓународна класификација на функционалноста. Таквиот модел предвидува проценка врз основа на функционалноста на децата и младите, според тоа што тие можат да направат, а не според нивните ограничувања.

Истовремено го посетивме и делот од останатиот простор од објектот “Јахја Кемал” кој на десет години општината го отстапува на времено користење, во корист на Проектот за подобрување на социјалните услуги во општините, помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), Општина Струмица аплицираше и доби грант за таа намена, односно за воспоставување нови социјални услуги: Центар за дневен престој и индивидуален третман на дечиња кои имаат потреба од истите од 3-14 годишна возраст. Преку овие нови услуги вкупно 40 дечиња ќе добијат бесплатни социјални услуги.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува: 15.410,485 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ