Оригиналниот струмички бенд „Дактили“, најавуваат концерт во НУЦК „Антон Панов” на 26 ноември!

ноември 24, 2021

На 26ти ноември, во „Сцена 112“ во Дом на Култура “Антон Панов” во Струмица, со почеток во 20:00 часот струмичкиот бенд Дактили ќе одржи концерт.

Инаку, Дактили е бенд кој создава оригинална – авторска музика и е активен на сцената од 2018та година, а во денешниот нивен состав членуваат: Џејд Бинева во улога на вокалист, Столе Велков свири бас, Љубен Маџиров – тапани, и Ставро Ангелаков – гитара.

На концертот ќе бидат изведени нумери од нивниот албум “Рандом Дестинација”, како и нов материјал кој струмичката публика ќе има прилика да го слушне премиерно.
Билети за концертот можат да се купат во South Side Cocktail Bar, и во барот Нагоре.

Заради ковид пандемијата, ќе бидат испочитувани сите превентивни и заштитни мерки.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ