strumica denes logo

ОДЛИЧНА ВЕСТ: Бугарија од утре ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани!

Автор:

Датум:

октомври 9, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 9, 2021

Категории:

Струмица

Од утре Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани. Најновите информации за новите одлуки на Владата во Софија ги објави министерот надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил.

Со последната одлука,  Македонија од црвена е преместена во портокалова зона. Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележана болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа), информира Османи.