strumica denes logo

ОД ЧЕТВРТОК ПОПУСТ НА ДРЕСОВИТЕ НА БРЕРА – ТИЕ ШТО ЌЕ КУПАТ, ДОБИВААТ АВТОГРАМ ЛИЧНО ОД ГОРАН ПАНДЕВ!

Автор:

Датум:

август 4, 2024

Автор:

Датум:

август 4, 2024

Соопштение на ФК БРЕРА:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од четврток попуст на дресовите на Брера во нашиот фан шоп, тие што ќе купат добиваат автограм лично од Горан Пандев

Во интерес на сите наши симпатизери и навивачи на клубот, во четврток, Фан шопот на нашиот клуб ќе работи со продолжено работно време бидејки ќе организира двочасовно изненадување со огромни попусти на дресовите на Брера. Сите кои ќе бидат дел од двочасвониот попуст и набават дрес од нашата продавница ќе добијат и автограм на дресот лично од Горан Пандев кој ќе биде присутен за време на настанот.

Ова го правиме во интерес на нашата публика, симпатизери и навивачи. Ќе има попусти и до 30 одсто со фокус на дресоите кои ќе бидат потпишувани лично од нашиот претседател Горан Пандев. На овој начин сакаме да ја зајакнеме врската со локалната заедница, да отвориме можност за дискусии и предлози како до подобра соработка во иднина. Со овој настан го најавуваме и месецот на попусти на дресовите на Брера Струмица.

Настанот ќе биде пред почетокот на новата првенствена сезона во четврток од 19 до 21 часот кога претседателот на клубот Горан Пандев ќе биде присутен во просториите на Фан шоп продавницата Дресовите на Брера со попусти може да се набават и во следниот период од 30 дена.