НА 25 ЈУЛИ ЗАПОЧНУВА СТРУМИЦА ОПЕН – ОРГАНИЗАТОРИТЕ ЌЕ ПОСВЕТАТ ВЕЧЕР НА НАШАТА ЛЕГЕНДА ГОЦЕ АРНАУДОВ!

јули 18, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Оваа година СТРУМИЦА Опен Фестивал ќе го одржиме оти тоа струмичани го бараат, ама ќе биде исклучиво со македонски изведувачи како што доликува, оти и тоа како имаме што да понудиме.

Секој настан од најавените 20 во рамки на СОФ 2022 ми е посебно драг и секој е преубав сам за себе.

Еден морам да истакнам!

Ние струмичаните сме горди луѓе, горди на својот град на луѓето кои овде живееме, се радуваме со успесите на нашите спортисти, на нашите културни работници, на нашите уметници и пејачи…
Имаме обврска пред нас која е многу важна, да не забораваме на легендите кои ја љубеа Струмица, ја опеваа, ја промовираа пред светот.

Таква наша легенда е Гоце Арнаудов, оваа година посветуваме вечер на Гоце, вечер во која ќе ги пееме неговите преубави песни, ќе се дружиме, ќе го спомнуваме.

Тоа Гоце го заслужува, а го заслужува и цела Струмица, тоа е најмалку што можевме да го направиме за него.

Нека ни е со среќа 11то издание на Струмица Опен Фестивал.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ