КОСТА ЈАНЕВСКИ: ВО НАШАТА СТРУМИЦА Е РЕГИСТРИРАН ПРВИОТ СЛУЧАЈ СО ВИРУСОТ, УПАТУВАМ МОЛБА ДО СИТЕ ВАС, ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА!

мај 21, 2020

Почитувани сограѓани,

Според денешната статистика на Министерството за здравство, во нашата Општина е регистриран првиот потврден случај на инфицирано лице со корона вирусот. Како Градоначалник и Лекар сакам да ве уверам дека место за паника нема. Надлежните институции ги презедоа сите мерки за заштита коишто се утврдени и се применуваат во вакви случаи.

Упатувам јавна молба до сите вас, да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид 19, а тоа значи задолжително носење заштитна маска, одржување социјална дистанца и никако собирање во поголеми групи.
Да издржиме и покажеме уште поголема одговорност кон сопственото и јавното здравје. Да не дозволиме нашата Струмица да стане ново жариште на Ковид 19.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ