ЕУРОМАКС:
Жителите од неколку струмички села даваат јавна поддршка на отворање на мега проектот „Рудник на можности“ и заедно со инвеститорот „Еуромакс Ресоурцис“ подготвија куси видеа во кои зборуваат зошто на регионот му е потребен силен инвестициски проект, каков што е рударскиот комплекс Иловица – Штука. Повеќето жители потекнуваат од селата кои се наоѓаат во близина на локацијата каде ќе се развива проектот – Иловица и Штука, но дел се и од соседните села Босилово, Турново, Еднокуќево и Секирник, како и од соседна Струмица.
Кај младите соговорници забележително е дека веруваат оти со отворање на планираниот комплекс ќе го запре иселувањето на населението од југоисточниот дел на Македонија.
„Ако се отвори рудникот останувам тука, ако не и јас чекам бугарски пасош и бегам за странство“, вели Томе Митров, жител на Штука. Бошко Јованов од соседна Иловица вели дека не би сакал да се одвои од семејството и да замине во странство: „Ако може тука да се инвестира, тоа ќе биде за сите нас, за да биде подобро“. Александар Божинов, жител од Босилово вели „повеќето млади од Босилово сме на став да се отвори рудникот“.
И нивните постари соседи, веруваат дека под итно е потребна силна инвестиција којашто ќе влијае да се подобри животниот стандард и да се намали иселувањето на младите.
„Луѓето сѐ пробаа, и мајстори, занаетчии и земјоделци, сѐ. Не бива и бараат спас во други држави. Ни таму не им е лесно, ама тука се чувствуваат несигурни, страв им е да формираат фамилии“, дополнува Ѕвонко Ичев, жител од Иловица.
Дел од жителите веруваат дека странскиот инвеститор, заедно со неколку големи домашни инвеститори, ќе помогнат да се унапредат работничките права на жителите во околината.
„Те ценат како работник, минимална плата е 500 евра и се работи по 8 саати од понеделник до петок“, вели Аргир Јанев, жител на Штука.
„Од лично искуство може да кажам дека има условите за работа, обезбедената заштита за работа, бенефитот и солидната плата каква што во околината на Струмица нема и ако не се сменат работите ќе нема во догледно време. Најголемата инвестиција е жално и трагично да биде запрена“, вели Жарко Ристов, жител на Струмица.
Заедничко за сите соговорници е очекувањето дека ќе се подобри инфраструктурата во местата каде што живеат.
Погледнете го колажот изјави од повеќемина жители кои веруваат дека на регионот му е потребна силна инвестиција која ќе го подобри живеењето во селата во општините Босилово, Ново Село, Василево, во Струмица и пошироко.