АПЕЛ НА СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТКО АНДОНОВ: ПРИЈАВЕТЕ ГИ НЕСОВЕСНИТЕ ВОЗАЧИ, РЕАГИРАЈТЕ НАВРЕМЕ ДА НЕ ГИНАТ НЕВИНИ ДЕЦА!

јануари 22, 2022

Факт е дека низ улиците во Струмица и во другите градови се вози доста брзо. Тоа го докажуваат и дневните билтени на МВР гледајќи по бројот на казнети лица за возење повеќе од дозволената брзина. Поттикнат од последните случувања, струмичанецот Митко Андонов објави фејсбук статус во кој наведува дека секој од нас треба да ги пријави несовесните возачи на 192 и навреме да спречиме да гинат невини деца.

Фејсбук статус на Митко Андонов:

Пријавувам несовесни возачи!

Поттикнат од случувањата, а со желба за подобро општество, ги инфомирам пријателите дека кога ќе видам несовесно возење и нерегуларности, пријавувам во полиција. Се надевам тие ќе постапуват фер и со исти аршин за сите. Не се сите криминалци, и сметам треба и опомена и информирање што треба да пријавуваме и каде…
Ве охрабрувам и Вие да постапувате исто, па макар да сум јас или моите деца и блиски.

Мора да реагираме за да не гинат невини деца.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ