ДВЕ ЛИЦА ОД СТРУМИЦА ЗАРАБОТИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ – ВО АВТОМОБИЛ ПРОНАЈДЕНИ 55 КУТИИ „ТРОМАДОЛ“

јули 25, 2022

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.С.(54) и Б.М.(37), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.05.2022 во Струмица, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“, управувано од второпријавениот, при што биле пронајдени 55 кутии „тромадол“. По преземени мерки било утврдено дека второпријавениот предметите ги набавил од аптека во Валандово, во која како фармацевт работела првопријавената и му ги дала без соодветна документација и без лекарски рецепт.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ