УХМР: Ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

јуни 14, 2023

Ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m?), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.

Температурите во Струмица ќе се движат од 9 до 22 степени целзиусови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ