Иуте Кредит Македонија доделува целосна стипендија за постдипломски студии!

октомври 15, 2021

Водејќи се од своите компаниски вредности за општествена одговорност и грижа за идните генерации, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и оваа година доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство (ACBSP акредитирана).

Во ИутеКредит Македонија верувамедека квалитетното образование отвора огромен број можности за професионална реализација на младите луѓе и затоа би сакале да овозможиме и оваа година наш стипендист да биде дел од Универзитетот Американ Колеџ.

За академската 2022 година ИутеКредит обезбедува стипендија за постдипломски студии на Факултетот деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство. Оваа насока има интернационална ACBSP акредитација.

Конкурсот за стипендија ќе биде отворен од 14.10.2021 год. до 15.11.2021 год. Изборот на студентот кому ќе му биде доделена стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработениот краток есеј на тема“Влијанието на новите технологии во секторот финансии и банкарство”.

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани студенти да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.

Апликацијата може да се испрати на: marketing@iutecredit.mk, а заинтерсираните може да прочитаат повеќе информации за стипендијата на https://iutecredit.mk/uacs2022/.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ