10 години со вас. На денешен ден се роди портал Струмица Денес!
Голема благодарност до сите наши верни читатели кои секојдневно докажуваат дека имаат доверба во нас. Благодариме и на нашите клиенти и соработници. Огромна благодарност и до сите оние кои претходно биле дел од Струмица Денес и имаат придонесено за порталот да биде она што е денес.
Воопшто не е лесен предизвикот да се биде Струмица Денес, но читателите се оние кои ја креираат нашата приказна и прават да бидеме блиску до народот. Продолжуваме понатаму, за помалку од една недела семејството на Струмица Денес ќе брои 70.000 следбеници. Ви благодариме на огромната поддршка. Постоиме за Вас.
– Тим Струмица Денес