ОД 3 ДО 10 ЈУЛИ ВО БОСИЛОВО ЌЕ СЕ ОДРЖУВА ТУРНИР ВО УЛИЧЕН БАСКЕТ СО ХУМАНИТАРНА ЦЕЛ – СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ИЗВЕДБА НА СЕНЗОРНА СОБА ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ!

јуни 28, 2022

Во Босилово од 3 до 10 јули ќе се одржува турнир во уличен баскет со хуманитарна цел. Средствата кои ќе бидат собрани на турнирот, ќе бидат наменети за избедба на сензорна соба за деца со посебни потреби во О.У „Гоце Делчев“ – Босилово.

Сите оние кои сакаат да бидат дел од турнирот, може да се пријават на следниот телефонски број: 070 284 808 или на фејсбук профилот Коста Тимов. Екипите се во ограничен број!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: