strumica denes logo

Утре ќе се одржи дебата за обезбедување услуги од единиците на локалната самоуправа во југоисточниот регион

Автор:

Датум:

октомври 18, 2018

Категории:

Екологија, Настан

Автор:

Датум:

октомври 18, 2018

Категории:

Екологија, Настан

Фотографија на Planetum Ekolosko Drustvo.

 

На 19.10.2018 година (петок), во хотел Сириус, Струмица, со почеток од 10.30 часот, ќе се одржи јавна дебата за обезбедување услуги од единиците на локалната самоуправа во југоистиочниот регион. Целта на јавната дебата е да се презентираат наодите и препораките од истражувањата спроведени од Центарот за управување со промени во соработка со локалните граѓански организации Планетум и Новус од Струмица, со особен фокус на квалитет на услугите кои ги нудат општините. На јавната дебата ќе земат учество претставници на локалните самоуправи и граѓанските организации од општините во југоисточниот регион, односно: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица. Јавната дебата се организира во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата „Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“. Проектот се фокусира на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на одредниците на Европската Унија поставени во Начелата на јавната администрација изработени од СИГМА. Врз основа на овие стандарди, локални граѓански организации вклучени во проектот ја следат работата на локалните самоуправи во 5 области: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги, и управување со општинските финансии.