Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Куклиш веќе 6 ден е без вода за пиење, а исто така жителите на Раборци се жалат дека немаат вода за пиење и хигиена веќе неколку месеци.
До селото Раборци ќе вози автобус од 700.000 евра, но учениците во училиштето немаат вода за пиење.
Додека во центарот на Струмица ја има најскапата урбана опрема во државата, учениците и вработените во училиштето во Раборци од природни извори со кофи носат вода во училиштето за да има елементарни услови за одвивање на наставата.
Селото веќе 3 месеци, во целиот летен период е без редовно водоснабдување, а жителите сами се снаоѓаат со техничка вода.
Општина Струмица е глува на јавните критики кои ги добива од жителите.
Пред 2 години Костадинов се пофали со нова инвестиција за водоснабдувањето во Раборци, која за жал функционира само во неговата ПР кампања.
Во 21 век кога населените места, но и делови во градот немат редовен пристап до вода за пиење, Општина Струмица расипнички се однесува со парите на граѓаните.
Потребни се промени на локалната власт во Струмица!