ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
СДСМ во поминатите години ги промашија сите проекти и активности во Струмица !
Го повикуваме Костадинов да престане со банални изјави и објави на социјални мрежи. Жалопојките на Костадинов овие денови нема да поминат во јавноста. Знае веќе Струмица дека се’ што фатија да работат СДСМ или го промашија или поединци профитират.
За проекти кои што СДС не ги заврши во точно 20 години на локалната самоуправа и 8 години државна власт сега обвинуват друг. Лицемерно е Костадинов за својата неспособност да се завршат проектите сега да обвинува други.
Костадинов кој преку разни патувања во странство се претставуваше како важен политичар во Југоисточна Европа сега е соочен да биде опозиционер во Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица само за една недела го реши проблемот во Болницата и, новото крило ќе почне да работи по 40 години. Се одглави од СДСМ заглавената процедурата за Стариот театар, има најава за нова спортска сала и мерки за намалување на загадувањето.
Очаен е обидот по 20 години летаргија, Костадинов и СДСМ сега кога веќе паѓаат од власт во Струмица да глумат загрижени за струмичани.
Нека не се грижат.
Наскоро ќе им олесниме со промени.