„На Модната недела во Париз имав можност да се запознаам со светски познати модели и инфлуенсери како Ирина Шајк, Ешли Греам, Тамара Калиниќ, актерката од Gossip Girl Кели Ратерфорд и многу други. Од сите ревии, најмногу ме воодушеви онаа на Dior“, ни раскажа нашиот стилист Марјан Петров.
Стилистот Марјан Петров (29) кој долги години живее и работи во Струмица, неодамна беше во Париз и посети неколку ревии на Модната недела.
Тој беше поканет како гостин на ревиите на Christian Dior и Givenchy, каде што имаше можност да се запознае со бројни светски модели и инфлуенсери.
За своето искуство во една од светските модни престолнини, Марјан раскажа за CRNOBELO.com:
„Во Париз бев една недела, меѓу 26-ти февруари и 1-ви март. Бев поканет како гостин на неколку модни ревии, а меѓу неколкуте луѓе кои беа ставени на посебната листа за гости.
Ме покани мејкап артист, жена која соработува со познатите личности, а која за мене дознала преку моите многубројни соработки, од кои се издвојува онаа со Јелена Томашевиќ и Андреа Бочели во Дубаи.
Таму имав можност да се фотографирам и да се запознаам со светски познати модели и инфлуенсери како што се Ирина Шајк, Ешли Греам, Тамара Калиниќ, Ема Брукс, Изабел Марант, манекенката на Victoria’s Secret Роми Страјд, актерката од Gossip Girl Кели Ратерфорд и многу други.
Имав можност да поразговарам и да поминам малку време со нив, да се фотографираме, но за жал немав можност да соработувам и да ги нашминкам.
Се надевам дека тоа ќе се случи во некоја наредна пригода.
Од сите нив најмногу ме воодушеви Роми Страјд, која е еден од ангелите на Victoria’s Secret и е навистина прекрасна и преубава, отворена за разговор и фотографирање.
А, искрено, се разочарав од Ирина Шајк.
Дури не ја ни препознав во живо, сосема е поразлична од фотографиите што ги објавува на Инстаграм.
ИЗВОР: ЦРНО БЕЛО