strumica denes logo

Со бројни активности СВР Струмица го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција!

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

На 07.05.2025, Секторот за внатрешни работи Струмица организираше повеќе активности во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Во кругот на СВР Струмица беше организиран централен настан на кој, покрај раководството на СВР Струмица, присуствуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев со членови на неговиот кабинет, претставници од семејствата на загинати бранители кои потекнуваат од овој регион, претставници на општините од регионот, гости од повеќе институции и граѓани.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

По обраќањата на началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов и директорот Александар Јанев, преку видео презентација беа прикажани резултатите од работата на СВР Струмица за првите четири месеци од 2025 година споредбено со истиот период од минатата година.
Во чест на денот на полицијата, библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со Отсекот за превенција при СВР Струмица распиша конкурс за литературни творби или илустрација на тема: „Хероите носат униформа, но и срце“.

На овој конкурс пристигнаа вкупно 144 творби, од кои 66 литературни творби и 78 илустрации, а бидејќи беше од ревијален карактер на сите учесници им беа доделени пригодни подароци. Пристигнатите илустрации беа изложени во кругот на СВР Струмица и можеа да ги видат сите присутни.

Исто така, беа прочитани и неколку од литературните творби. Манифестација ја збогатија и децата од градинката „Виножито“ од Струмица и на нив им беа поделени маици со паролата „Хероите носат униформа, но и срце“. Присутните имаа можност да се запознаат со дел од опремата која користат полициските службеници при извршување на редовните работни активности и специјалните задачи.