strumica denes logo

ПРОДОЛЖУВА АПСЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ПРАВДАТА НЕМА ПАРТИИ: Нови апсења на високи функционери од поранешната власт!

Автор:

Датум:

април 13, 2025

Автор:

Датум:

април 13, 2025

Основното јавно обвинителство ја проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според нашите информации, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами. Деветнаесет лица се приведени или се приведуваат.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За Дритон Кучи, поранешен министер за економија од ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка, е утврдено дека не се наоѓа во земјата.

Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири и Ваљон Сарачини.

Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.

Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.

Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката. Во исто време, посочија од ОЈО, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

За пожарот во Кочани, Основно јавно обвинителство досега отвори истрага против 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изутрината на 16 март, животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени.