ПО ДВАЕСЕТ И ПЕТТИ ПАТ СЕ ОРГАНИЗИРА МЕМОРИЈАЛНИОТ МАРШ „ВАНЧО АТАНАСОВ 2024“

март 31, 2024

На ден 07.04.2024 година (недела), на планината Беласица, ПК „Ентузијаст“- Струмица по дваесет и петти пат ќе го организира меморијалниот марш “Ванчо Атанасов – 2024“ и Ве поканува да присуствувате на истиот.

ПРОГРАМА:

Недела
– Тргнување во 07:00 ч. од Стара автобуска – “Пошта“, со организиран превоз до с.Костурино.
– Тргнување од с.Костурино во 08:00 часот .
– Пристигнување на планинарска куќа “Дедо Кољо Муртински“ и ручек во 14:00 ч. обезбеден од организаторот. Секој да си понесе прибор за јадење.
– Симнување кон с.Свидовица во 15:00 часот.
– Поаѓање од с.Свидовица за Струмица во 18:00 ч., со организиран превоз.

ОПИС НА ПАТЕКАТА

– Се тргнува од с.Костурино од 440 мнв.
– Се продолжува кон с.Орманли, потоа месноста Белашки ливади, па Ќучук чешма и се доаѓа до споменикот на петте струмички студенти.
– Патеката завршува на Џами Кран (1.160 мнв.), каде се наоѓа и планинарската куќа “Дедо Кољо Муртински“.
Патеката е средно-тешка, а вкупната должина е 22 км или 6 часа одење (3,5 ч. искачување и 2,5 ч. симнување), при што се совладува висинска разлика од 720 м. Извори на вода има на три места по патеката.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА

Разгазени гојзерици, кабаница за дожд, резервна облека.

НАПОМЕНА

Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за сопствената психо-физичка кондиција. Секој учесник е должен да ги почитува насоките на водичите. Во спротивно, самиот е одговорен за несаканите последици.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ:

Пријавување учество најдоцна до 3 април 2024. Лица за контакт:
Андон 071 269 802
Филип 071 205 272
Томе 075 301 532

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ