Јануари е месец со најмногу празници и неработи денови.
До крајот на јануари имаме уште еден неработен ден. 19 јануари (петок), кога се слави Богојавление (Водици) е неработен за православните верници.
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ, неработен ќе биде 27 јануари (сабота), Свети Сава.
Во февруари и март нема неработни денови.
Во април неработен е 10 април (среда) кога се одбележува првиот ден од Рамазан Бајрам.
Во мај доаѓа големиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден, па така неработен ден е 6 мај (понеделник) што значи ќе имаме продолжен викенд. За правсолавните христијани неработен ќе биде и Велики Петок.
Први мај – Денот на трудот и 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, ќе бидат неработен ден за сите граѓани.
За сите граѓани неработни денови до крајот на 2024 година ќе бидат:
– 02 август (петок), Ден на Републиката,
– 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
– 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
– 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
– 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За православните христијани неработи денови ќе бидат:
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
– 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).