Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Социјалната населба за сместување на социјално загрозени семејства никако да се заврши, иако беше презентирана на почетокот на мандатот на Костадинов дека ќе биде функционална за една година.
Наместо тоа од секој агол на Струмица може да се забележи бетонскиот потпорен ѕид на населбата, кој виси над Струмица.
Прашање до Костадинов е зошто таква населба смести на терен над Струмица и најголемиот дел од средствата се трошат на потпорни ѕидови и бетон?
Струмица има огромно поле и ниски делови на кои со многу помалку средства таквата населба досега ќе беше и изградена и населена, ќе имаше функционална инфраструктура и ќе беше чиста.
Наместо тоа, Костадинов избра да гради бетонски ѕидови над Струмица.
Кој може да измери колку бетон и железо се потрошени на тие ѕидови е старо новата матрица на Костадинов и СДС.