strumica denes logo

Ако служите алкохол на малолетници, казната е 4.000 евра, пазарните инспектори најавуваат жестока акција!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2025

Автор:

Датум:

февруари 4, 2025

37472262 - assorted beers in a flight ready for tasting

Пазарните инспектори им објави војна на угостителите кои им служат алкохол на малолетниците. За во наредниот период, од ДПИ најавуваат засилени контроли на терен во согласност со Законите за угостителска дејност и за заштита од пушењето. Контролите ќе се спроведуваат со асистенција на полицијата и тоа низ целата територија на државата, за да се спречи послужување алкохол на малолетни лица.