Миле Цеков, пратеник во Собранието на Република Македонија од политичката партија ЗНАМ:
Почитувани граѓани , почитувани медиуми
Пратеничката група на Движење ЗНАМ за наша Македонија денес ќе достави иницијатива до министерството за животна средина каде што бараме Планината Беласица да се прогласи за заштитено подрачје категорија 5 ( заштитен предел ) согласно законот за заштита на природата.
Имено, оваа барање го засноваме на неколку факти.
Беласица е прогласена за национален парк во Р.Грција , а во Р. Бугарија е заштитено подрачје. Меѓутоа во Македонија досега немало политичка волја Беласица да се прогласи за заштитено подрачје.
Во прилог на иницијативата на ЗНАМ за Наша Македонија ја доставуваме и валоризиранта студија од група експерти за потребата од прогласување на планината Беласица за заштитено подрачје.
Сакам да нагласам дека планината Беласица располага со големи природни и културни богатства како и огромен потенцијал за развој на еко руралниот туризам. Со заштитата на Беласица ќе се создаде голема можност за промоција на Струмичкиот регион и развој на туризмот во регионот. Имајќи го во предвид законот за заштита на природата, само Владата може да прогласи заштитено подрачје. Затоа ја доставуваме иницијативата до Влада со верба дека Владата преку министерот за животна средина ќе ја поддржат оваа иницијатива.