Како гром од ведро небо одекна веста дека нашиот најдобар одбојкар Никола Ѓоргиев ќе го засили тимот на Струмица. Но, престојот на македонскиот капитен во Струмица траеше многу кратко, поточно само два натпревари.
Со завршувањето на нашиот шампион на меѓународна сцена, откако неочекувано беше елиминиран од Капошвар во ЦЕВ Купот, заврши и престојот на Ѓоргиев во Струмица.
Најдобриот македонски одбојкар веќе пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во турскиот суперлигаш Туршад.
По Никола Ѓоргиев кој се пресели во Турција по само два одиграни натпревари клубот го напушти и уште еден репрезентативец.
Александар Љафтов е нов член на ПАОК каде што ќе соработува со македонскиот тренер Јошко Миленкоски.