Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Профитерска градежна офанзива во Струмица – При асфалтирање на струмичките улици не се утврдени ниту колични на афалт, ниту позиции на кои треба да се реализираат!

декември 14, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Профитерска градежна офанзива на Костадинов!

Според ревизорскиот извештај на Државен завод за ревизија утврдено е дека Општина Струмица во 2022г. има склучено договор со фирма под бр. 03-21243/3 за реконструкција на локални патишта и улици, за ставање втор слој асфалт. ⭕

Градежните активности се спроведени БЕЗ ПРОЕКТ И ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, при што не е запазен Законот за градење и Законот за јавни набавки.. ❌

При асфалтирањето на струмичките улици не се утврдени НИТУ КОЛИЧИНИ НА АСФАЛТ, НИТУ ПОЗИЦИИ на кои треба да се реализираат!

Од ревизорскиот извештај постои основано сомневање дека општината има исплатено повеќе средства на фирмата која асфалтирала бидејќи не постои пресметка за потрошени количини асфалт како и на другите градежни работи‼️

Прекршување на процедурите и законите на Р. Македонија за Костадинов станаа нормална работа. ❗

Од градежните активности на Костадинов остана само профит интерес❗

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ 🇲🇰
Народот ќе стави крај на профит политичари 🇲🇰

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ