strumica denes logo

Струмица е домаќин на локалната рунда на Светскиот ученички куп 2018

Автор:

Датум:

април 12, 2018

Категории:

Магазин

Автор:

Датум:

април 12, 2018

Категории:

Магазин

Во центарот за култура „Антон Панов“, денеска, свечено беше отворена дводневната локална рунда на Светскиот ученички куп 2018, чиј домаќин е средното општинско училиште „Јане Сандански“. Честа да биде домаќин на овој престижен натпревар, на училиштето му ја донесоа ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова кои под менторство на професорките по англиски јазик Верица Јанкова и Натка Јанкова минатата година учествуваа на „Турнирот на шампионите“ на универзитетот Јеил во САД и освоија четири златни медали.

На натпреварот учествуваат 386 ученици од земјава и регионот и тој е поделен на четири тимски настани во кои учениците преку практикување на англискиот јазик како еден од најзборуваните јазици во светот, ќе пишуваат есеи со аргументи на одредена тема, ќе одговараат на прашања преку заокружување и ќе дебатираат на секојдневни или необични теми. Победниците ќе продолжат на глобалниот натпревар во Барселона, кој што ќе се одржи од 22 до 27 јули и на кој се очекува да учествуваат над 2.500 учесници од 50 земји. Најдобрите во Барселона ќе учествуваат на „Турнирот на шампионите“ кој ќе се одржи на Универзитетот „Јеил“ во САД.