Овој рецепт е вистински предизвик за сите љубители на палачинки. Погледнете како да подготвите Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт.

СОСТОЈКИ:
- 200гр. брашно
 - 1 супена лажица шеќер
 - 1 супена лажичка прашок за пециво
 - 1/2 лажичка сода бикарбона
 - 1/4 лажичка сол
 - 2 јајца
 - 250мл. млеко
 - 3 лажици зејтин
 
НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:
- Ставете ги состојките во сад за матење и промешајте ги.
 - Изматете ги јајцата, млекото и зејтинот во посебен сад и додајте ја течноста во садот со останатите состојки, матете се додека не добиете полугуста, смеса со сјај. Оставете ја смесата да отстои до 5 минути.
 - Ставете не многу длабоко тавче да се загрее на среден оган и во него рамномерно распоредете една кутлача од смесата да се пече.
 - Палачинката ќе биде испечена од едната страна кога на површината на тестото ќе испукаат меурчињата. Тогаш превртете ја да се пече и од другата страна.
 - Од количината на смесата би требало да добиете 7-8 палачинки.
 - Внимавајте на температурата на печење која не смее да биде многу голема за да не ви изгорат палачинките.
 - На крај послужете го овој пресладок десерт со чоколаден прелив и шумско овошје, јагоди, аронија или со крем, мед или џем со ореви, бадеми или лешници.
 























