strumica denes logo

Десерт со јагоди за 10 минути

Автор:

Датум:

мај 10, 2023

Автор:

Датум:

мај 10, 2023

Ви требаат уште вкусни рецепти? Запратете го инстаграм профилот @brzi.i.vkusni.recepti ! 

 

Потребни состојки:
– јагоди 🍓
– пудинг од ванила
– млеко 500мл 🥛
– шеќер 4 лажици
– мелена плазма
– мелени ореви

Начин на подготовка:
🍓 Јагодите пресечете ги на половина.
🥛 Во тенџере на оган, ставете 400мл млеко и 4 лажици шеќер да зовријат.
🥣 Во меѓувреме, во останатите 100мл млеко, додадете го прашокот за пудинг од ванила и промешајте да се соединат.
🥄 Откако ќе зоврие млекото, додадете го пудингот и мешајте постојано додека не се згусне.
🍓 Во чаша за сервирање, ставете ред пудинг, ред мелена плазма, ред јагоди, пудинг, мелени ореви и се така до крај. На врвот ставете половина јагода и уживајте во брз 10минутен освежителен десерт.

Видео: