Знаете ли зошто ја украсуваме елката на Нова година?

ноември 9, 2018

Украсувањето и декрорирањето носат празничен дух кој предизвикува новогодишна еуфорија и нè расположува, но дали некогаш сте помислиле зошто ја украсуваме токлму елката и каква симболика има тоа? Малкумина ја знаат вистинската причина за декорирањето на елката.

Симболиката на оваа практика е многу добро објаснета во една руска бајка. Над пештерата во која е роден Исус Христос растеле бор, кедар и елка. Тие биле опсипани од светлината на Христовото раѓање, па така сакале и тие нешто да подарат.

Кедарот ги затресол гранките и пред пештерата паднале иглички полни со убав мирис. Борот ги спуштил најубавите шишарки, а елката горчливо плачела, поради тоа што немала мирис на игличките, ниту имала шишарки. Нејзините солзи ги видела една ѕвезда и се сожалила. Испратила мала ѕвезда да се спушти на нејзиниот врв. Тогаш таа ја прекрила со ѕвездина светлост и длабоко започнала да се поклонува, ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Исус Христос. Затоа и денес на врвот на елката се става ѕвезда, како знак на љубов кон Исус Христос.

Подароците кои се поставуваат под елката се потсетување на Христовото раѓање и огромна радост за децата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ