strumica denes logo

ЗДРУЖЕНИЕТО РЕФЛЕКСИЈА ОД СТРУМИЦА РАБОТИ НА ПРОЕКТ ЗА ПОДИГАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕТ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јули 24, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 24, 2018

Категории:

Култура

Здружението Рефлексија од Струмица во периодот Мај – Ноември, 2018 година работи на проект за подигање на еколошката свест на граѓаните во Општина Струмица насловен: „Едукативна Ре-Анимација“ на еколошката свест. Главната цел на проектот е подигање на еколошката свест кај што поголем број на граѓани во Општина Струмица и нејзината околина. Со ова се стремиме кон што поголема вклученост на сите граѓани на Општина Струмица во процесот на размислување и делување во правец на заштита и подобрување на условите на животната средина.
Долгорочните придобивки за граѓаните на Општина Струмица и нејзината околина се состојат во нивните елементарни човечки права за живот во чиста и здрава животна средина. Имајќи во предвид дека поединечното делување не може доволно да придонесе кон целосно решавање на еколошките проблеми, потребна е масовна вклученост во овие процеси со цел да се постигнат посакуваните резултати, односно здрава животна средина за сите граѓани.

Во рамки на овој проект на Здружение Рефлексија, ќе бидат изработени 10 едукативни видеа со еколошка содржина, фокусирајќи се на еден од најголемите проблеми со кои се соочува нашата Општина – справувањето со отпадот.

Видеата ќе бидат објавувани на нашата facebook страна (https://www.facebook.com/refleksija/) како и на официјалната веб страна на Здружение Рефлексија (http://refleksija.mk/), во периодот помеѓу Август, 2018 и Октомври, 2018.