strumica denes logo

За секој нареден ден доцнење плус дополнителни 2.000 денари: Лихвар од Струмица доби кривична пријава!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

ноември 8, 2018

Категории:

Култура

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.А.(53) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во март 2017 година пријавениот му дал 38.000 денари на И.А., кои требало да ги врати за 30 дена, како и дополнителни 10.000 денари за услугата. Во мај 2018 година И.А. му вратил 40.000 денари на пријавениот и го известил дека останатите 8.000 денари ќе му ги врати за околу 10 дена. Притоа, пријавениот му рекол дека за секој нареден ден доцнење долгот ќе му се зголемува за дополнителни 2.000 денари.