strumica denes logo

Временската прогноза објавена на Струмица Денес од Славчо Попоски се оствари: Се менува времето од вечерва

Автор:

Датум:

октомври 24, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 24, 2018

Категории:

Култура

Под влијание на студен бран од север ќе дува засилен, повремено и локално СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој локално особено во иточната половина од државава ќе достигнува брзина над 80 км/час, информиа метеорологот Славчо Попоски.

Исто така облачноста ќе се зголеми и ќе има локални послаби врнежи од дожд додека на планините ќе има слаби врнежи од снег.

До утре веќе ќе настапи стабилизација на времето кај нас и разведрување.

Максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени додека навечер нагло ќе опаднат и до утре наутро ќе се спуштат во интервалот од -5 до 5 степени додека утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 8 до 17 степени.

Големо затоплување на времето и натрпосечно високи температури очекуваме од петок.