Во недела ќе се изврши првото авионско прскање против комарци во Струмица!

јуни 14, 2018

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од 5.741 хектари.  Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши на 17.06.2018 година (недела) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18.06.2018 година во истиот временски период.Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: