Македонскиот фудбал и спорт денеска загуби едно големо име, легендарниот Благој Истатов кој почина во 71 година од својот живот. Истатов е еден од ретките наши фудбалски личности, кои со голем ентузијазам, упорност и дисциплина се издигна до тронот на македонска фудбалска легенда.
Својата кариера ја започна во родната Струмица во Беласица, па преку Победа стигна до Партизан и Утрехт за да на крајот повторно и се врати на својата голема љубов Беласица каде пак застана на голот и откако тимот остана без тренер, ја презеде екипата.
Клубовите во кои настапуваше, покажаа почит кон него и потврдија за големината на Истатов. Холандски Утрехт и Партизан на своите официјални страни се простија од легендарниот Истатов.
Благој е добитник на многубројни признанија и награди, а ФФМ во 2015 година му додели признание за животно дело.