УБАВА ВЕСТ ЗА СТРУМИЧАНИ: СЕ ИЗРАБОТУВА ПРОЕКТ ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА СПОМЕН-КОСТУРНИЦАТА!

мај 16, 2023

Спомен-костурницата во Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и полжени во саркофагот на 04.07.1982 година. Таа е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер.

Денес спомен-костурницата е во многу лоша состојба. Дел од мермерот е искршен нема осветлување, патеката до споменикот е во лоша состојба има нараснато многу бујна вегетација која го ограничува пристапот. Дел од споменикот е исцртан со графити. Во моментов се изработува проект за негова конзервација и реставрација од страна на стручен тим од НУ Завод и музеј – Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: