Татко ми загина, не можев да го испратам: Животната приказна на Васил Гарванлиев

јуни 20, 2019

Го знаеме како Васил – „Марионка“, по детскиот евергрин кој го пред повеќе од 20 години го испеа на фестивалот „Златно славејче“. Васил Гарванлиев изминативе месеци беше актуелен како еден од придружните вокали на Тамара Тодевска на „Евросонг“ во Тел Авив. Минатата година, тој ја испеа емотивната балада „Ѓердан“, за кој како што вели била вистинска причина да се врати дома.

Струмичкиот пејач, освен успешна интернационална музичка кариера, има тешка животна приказна. Кога имал 17 години, него и неговото семејство ги депортирале од САД. Живеел во Милано, па во Торонто, па повторно во САД. Во меѓувреме, за само една година, во сообраќајна несреќа загинале и татко му и баба му, во период кога секој член од семејството живеел на различна страна од светот. Најинтимните моменти од тешкиот период, Васил ги сподели за Женски магазин.
„ Кратко кажано, за мојот живот треба 2-3 книги да напишеме. Ништо не е случајно, сега сѐ е лекција за подобро утре. Во 2002 година со родителите змаинавме за САД, полни со надежи и очекувања. Бев на најголемите светски сцени, соработував со најпознатите луѓе во музиката, бев како сунѓер што сѐ впива. Опера ми беше главната патека , 13 години како солист на главни улоги. Изиграв над 40 главни улоги. Бев придружен вокал на многу интересни концерти меѓу кои и на „Њу кидс он д болк“ и Енрике, пеев на албум посветен на 20 најуспешни луѓе во светот од секоја струка, снимав многу реклами“, вели Васил за почетоците на својата кариера во САД.

Во јуни во 2003 година, Васил, заедно со мајка му, татко му брат му бил депортиран од Америка и имале само четири дена да заминат.

„ Имав 10 години забрана од САД, ја загубив стипендијата во Њујорк, најдрагата од Буш за уметност- поради тоа што не бев Американец. Тогаш требаше да играм главна улога во мјузикл. Ми дозволија да останеме две недели да завршам средно училиште и да ја играм улогата. Тоа беше почетокот или првиот залак на лекцииите од дедо Боже“, ни раскажа пејачот.

Следните години, Васил се соочил со тешки загуби, останал без многу важни членови од своето семејство.

„ Прво, семејството ми се распадна. Сите заминавме на различни страни. Јас во Милано, татко ми во Торонто, мајка ми се врати во Македонија, а брат ми во Бугарија. Се немав видено со моите родители и со брат ми повеќе од една година. Татко ми потоа дојде во Милано, сакаше да продолжи да работи од Италија, тој имаше своја фирма, возеше камион. Се видовме само еден час, и потоа јас се преслив во Торонто, решен да ја градам музичката кариера од таму. Една година потоа, татко ми загина во сообраќајка, возејќи камион. Беше страшно, никој од нас немаше италијанска виза, мојата беше истечена, не можевме да го идентификуваме телото на татко ми. Тоа се случи на почетокот на август, а посмртните останки ги донесоа во Македонија дури на крајот на август. Следната 2005 година, почина и баба ми во Струмица, и таа настрада во сообраќајна несреќа. Брзо по неа, почина и дедо ми. За една година, загубив многу драги личности“, е дел од приказната на Васил.

По трагедијата, барајќи начин како да продолжи понатаму, тој заминал во Торонто, и таму останал 10 години. Потоа осум години живеел во Чикаго 8 години, и една година во Лондон.

„Сега по 21 година, конечно сум дома. Преклани имав чест да се вратам во мојата Струмица, да го го отворам фестивалот„Струмица опен“ со концерт наречен „Италијанска вечер со Васил“. Бев на последната вечер, на иста сцена со Дино Мерлин, со брат ми Тино. Се смееме до ден-денес кога ќе се сетиме на муабетот од таму. Му реков: „Знаеш ли што ќе се случи ако застанам на таа сцена јас со мои песни? Време е да се вратам дома, да грми“, открива Васил кој вели дека сега е подготвен за нова авторска музика.

Oригиналната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК
Извор: ЖЕНСКИ МАГАЗИН

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: