strumica denes logo

УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА КБК ТИМ ЗОРАН ОД СТРУМИЦА: БАЛКАНСКА ШАМПИОНКА И НОВИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНАТА СЦЕНА!

Автор:

Датум:

јуни 2, 2026

Автор:

Датум:

јуни 2, 2026

КБК Тим Зоран од Струмица зад себе има исклучително успешен натпреварувачки викенд, освојувајќи медали на две значајни меѓународни спортски манифестации.

На Балканското првенство во кикбокс, кое се одржа во Нови Сад, Србија, струмичкиот клуб оствари забележителни резултати. Најголемиот успех го постигна Драгица Глигорова, која се закити со златен медал и ја освои титулата Балкански шампион. Милена Стојанова се избори за сребрен медал и го освои второто место, додека Јулијана Ристова го освои бронзениот медал и третото место во својата категорија.

Успесите продолжија и на ADCC Macedonia Open 2026, меѓународен submission grappling турнир кој се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со учество на натпреварувачи од повеќе европски земји. На овој престижен турнир, Марија Иљашева го освои првото место и се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Со освоените медали и одличните настапи, КБК Тим Зоран уште еднаш потврди дека е еден од најуспешните боречки клубови во регионот, продолжувајќи да ја претставува Струмица на најдобар можен начин на меѓународната спортска сцена.