СТРУМИЦА ДЕНЕС ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО 5 КАТЕГОРИИ ЗА САЈТ НА 2018 ГОДИНА!

ноември 11, 2018

Вашиот портал повеќе од 5 години наназад е дел од ова натпреварување, а минатата година бевме и меѓу 20 најдобри портали во Македонија. Поради ажурноста на екипата која стои зад проектот „Струмица Денес“, чија цел е точно и навремено информирање на нашите читатели, сме номинирани во категориите:

Најдобар сајт за 2018 година
Најдобар сајт за мобилна апликација
Најдобар мобилен сајт
Најдобар сајт за вести и информации
најдобар забавен сајт 

Сајт на Годината е манифестација која во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија. Во наредните денови ќе биде објавен и линк за гласање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ