Лоцирана на место кое е распослано меѓу стариот и новиот дел од градот, зградата на Градското собрание немо сведочи за опстојувањето на градов низ вековите и различните историски примрежја. Изградбата на зградата започнала во 1926 година, време кога Струмица е во составот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Се смета дека на темелите биле запишани името на тогашниот градоначалник и советниците. Објектот бил завршен во 1931 година. Како и низ другите места во кралството, тој бил познат како Општински дом, а самото тоа име било испишано на фасадата над балконот. Денес, зградата е прогласена како дел од Културното наследство на Македонија, а служи како седиште на локалната самоуправа.
Во продолжение, фотографии од изградбата:
Слика 2: Изработка на врати и прозорци за зградата
Слика 3: Поставување на темелите