Во следните часови над Јадранот ќе се формира секундарен но плиток циклонски систем кој во следните денови во најголем дел од Балканскиот Полуостров ќе условува поинтензивни снежни врнежи со што речиси насекад ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка.
На пониските места ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, на некои места и повеќе додека на планинските дури до околу 50 сантиметри – локално и повеќе.
Поради ваквата ситуација граѓаните доколку овие денови планираат да патуваат во регионот да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и задолжително со себе да си понесат зимска опрема, оние пак кој се лубители на зимскиот спорт следните денови тоа можат да го направат на скијачките центри низ регионот.
Што се однесува пак до снегот во Македонија, засега во значителни количества не го очекуваме освен во вид на провејување како што и најавивме уште пред неколку денови и ќе го има во вид на локално провејување денес (четврток) попладне и навечер како и утре (петок) особено претпладнето.
Подготви: Славчо Попоски