Во време на пандемија, кога сите културни настани во светот се откажани, Елена Јованова 7 годишно девојче од Струмица ја почнува љубовта со виолината.
За време од 5 месеци учење и свирење под менторство на професор Костадинка Ончева освои прво место во Украина и Шпанија и второ во Италија.
Во Струмица на општински и регионален доби максимални 100 бода и го освои првото место, а со 100 бода се здоби и на меѓународен натпревар во Штип и со прво место се закити на натпреварот Полихимниа во Скопје каде свиреше и во втора етапа.
Браво за нашата Елена!