Интевјуто е преземено од медиумот Женски Магазин:
Концертниот музичар, професор по виолина и автор на Тв емисии за традиционална музика во себе гордо го носи споменот на својата мајка Грозда и таткото Наско кој е автор на една од најубавите македонски традиционални песни „Не кажувај либе добра ноќ“. За Зоран Џорлев, повредно од музиката е само семејството, тој е горд татко на синовите Наско и Мартин , а својата сопруга Офелија ја нарекува негов воздух и столб. Зоки на социјалните мрежи со радост објавува фотографии од семејните соборанки и летни одмори во Црна Гора каде што традиционално летува со поширокото семејство. Во искреното интервју за Женски магазин, Џорлев се сеќава на своите приватбни и професионални почетоци и открива интересни приказни.
Со сопругата Офелија слави 25 години брак
Женски магазин- Ако си вратиш еден кус филм во главата за сите овие 40 години со виолината, на кои нешта прво помислуваш?
Џорлев- На сите убави и позитивни нешта кои ми ги исполнија овие 40 години дружење со виолината, на се она што го оставив, се надевам, како позитивен пример за младите генерации. На чувството кога по неколкумесечно работење со виолината ја освоив првата награда, на заедничките моменти со многубројните оркестри со кои сум настапувал, на задоволните лица на публиката, на луѓето кои ги запознавав на патот поврзан со музиката, на возбудата и среќата кои ме преплавуваат секогаш кога ќе застанев на сцена.
Женски магазин- Кога си имал 5 години, професор во музичко училиште ти рекол дека не си за виолина туку за пиано. Дали тие зборови те демотивираа и кога точно се реши дека виолината ќе биде твојот инструмент?
Џорлев- Баш напротив, едноставно знаев уште од најраното детство дека сум предодреден да свирам виолина. Тука чувствувам потреба да ја спомнам мојата драга професорка Љиљана Крстева која беше со мене во моментите кога ми беше потребна подршка и кај која го завршив основното и средното образование. Таа денес е пензионер, но редовно и со големо задоволство контактираме.
Целосното интервју може да го погледнете на следниот ———- ЛИНК