strumica denes logo

Пeсните на Митко Гогов во светската антологија „Слушни ја оваа река”

Автор:

Датум:

април 16, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 16, 2018

Категории:

Култура

Во Колумбија излезе од печат светска поетска антологија „Слушни ја оваа река” во која меѓу 126 автори од 58 земји е вклучен струмичкиот поет Митко Гогов, претседател на Здржението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица”, кое во Македонија го организира меѓународниот фестивал „100 илјади поети за промена”.

 Поетите-уредувачи на антологијата, Роберт Макс Стинкис и Естебан Чарпентие, во предговорот наведуваат дека таа е замислена како продолжение на „Антологија на пеперутката” – зборник поезија на словенски и латиноамерикански автори која излезе пред една година како проект на Асоцијацијата за заштита на природната средина и заштитените видови „Хозе Макс Леон” во Колумбија.