strumica denes logo

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ АНТОН ПАНОВ!

Автор:

Датум:

август 28, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 28, 2018

Категории:

Култура

На денешен ден 1968 година е починат Антон Ѓ.Панов-великанот на македонската драма.Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност.
Антон Панов (Стар Дојран, 13 април 1906 – Струмица, 28 август 1968) — истакнат македонски драмски писател. Тој е роден во куќата на сиромашен рибарски трговец. Познато е дека и мајка му потекнува од сиромашно рибарско семејство. Основно училиште и првите четири класа гимназија ги заврши во Струмица, а од петтиот до осмиот клас учи во Белград, не завршувајќи ја гимназијата. Меѓутоа паралелно со гимназијата, Панов посетува и музичко ушилиште во Белград каде што учи виолина, соло пеење и балет. Во фокусот на неговиот интерес беа музиката и драмата.
Во македонската книжевност Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 г., а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.
Националната Установа за Култура во Струмица го носи неговото име и неговиот споменик стои пред Н:У:Ц:К.,,АНТОН ПАНОВ”-Струмица.Вечна му слава!