МИТКО БОЈАЏИСКИ: ПРОТЕСТНА НОТА ДО СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА!

јули 11, 2023

Објава на Митко Бојаџиски:

ПРОТЕСТНА НОТА ДО СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР И МИН. ЗА КУЛТУРА!

Ова е седма година како во струмичкиот театар не поминувам со мој текст и врвен режисер. Наскоро ќе правиме јубилеј – десетгодишнина како сум присутен кај вас со моите апликации, времето брзо минува, сега ќе летне. Ќе ја прославиме со зурли и тапани и печено прасе пред центарот за култура.

Знам дека е голем грев да се биде струмички автор, но зошто со години немате поставено современ македонски текст, ниту пак сега имате намера ова да го направите? Што имате против современиот македонски текст? Чиј театар сте вие? Француски, австриски, чиј? Од каде земате плата на први секој месец?

Зарем не пишува во министерството за култура дека приоритет имаат нови драмски текстови од домашни автори? Дали ви е гајле за тоа? Имате ли вие критериуми? Ви значи ли нешто новата современа македонска драма? Нели без современа национална драма немало ниту национален театар? Или не е важно тоа?

Можеби треба да почне да се размислува да се приватизира овој театар и овој центар за култура за да биде поблиску до реалноста?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ